МКД „ИЛИНДЕН“ ОД ХРВАТСКА СО НАСТАП ПРЕД РАДОВИШАНИ

Македонското културно друштво „Илинден“ од Ријека, Хрватска викендот што претстои со свои настапи во Македонија.

Во оваа културно друштво има членови кои се по потекло од Радовиш, па затоа радовишани имаат чест да бидат домаќини и ги погледнат нивните настапи кои се закажани на 22 Jуни, Сабота во Центарот за култура „Ацо Караманов“ со почеток од 20.оо часот. Организатор и домаќин на гостите од Хрватска е ФА „Китка“ од Ораовица, кој заедно ќе настапат Центарот за култура „Ацо Караманов“.

Од МКД „Илинден“ Ријека, Хрватска упатуваат покана до сите љубители на фолклорот да бидат дел од овој настан и ги погледнат настапите на нашите сонародници од Хрватска.

МКД „Илинден“ свои настапи претходниот ден ќе има во Скопје, а на 24 Јуни во Охрид.







 






 

 



 




Related Articles

Временска прогноза