МЛАДАТА ПИЈАНИСТКА ЈОВАНОВА СО УШТЕ ЕДНА ПРВА НАГРАДА ОД ПИЈАНО НАТПРЕВАРОТ „УЉУС“- овој пат организиран OnLine

Уште еден голем интернационален успех на младата пијанистка Јана Јованова од Радовиш. Во време на пандемија, кога сите културни настани во светот се откажани, Јана Јованова неуморно продолжува со своите меѓународни успеси.

Таа деновиве учествуваше на 7миот меѓународен пијано натпревар УЉУС, во српска организација, кој заради актуелната ситуација за прв пат беше организиран OnLine. Јана се натпреваруваше во I категорија, заедно со уште педесетина останати натпреварувачи меѓу кои имаше учесници од сите балкански држави како и од Италија, Литванија, Грузија и Кина.

Таа и овој пат освои прва награда и со тоа, уште еднаш го потврди својот огромен потенцијал. За жал, сите планирани патувања за учества на натпревари во следниот период мораше да бидат откажани, сепак Јана успешно се прилагодува и на новонастанатата ситуација и ова е нејзина прва награда здобиена на Онлајн натпревар.

Во следниот период ќе следуваат уште неколку учества на светски натпревари на ваков начин за кои освен музичката подготовка за успех ќе биде е потребно и изработка на што поквалитетно аудио и видео, што ќе претставува дополнителен предизвик. „Најмногу сакам да имам вистински настапи пред публика од која на крај ќе слушнам аплауз и се надевам дека многу наскоро ќе можам повторно да патувам и да настапувам на секаде низ светот“ – вели таа.

Јана Јованова иако има само 10 години, до сега се има здобиено со 30тина државни и меѓународни награди на натпревари меѓу кои во Милано, Венеција, Берлин, Париз, Виена…

Таа е добитник и на Шестоноемвриско Признание и Плакета за особени достигнувања. Ова е само уште еден доказ дека ниту пандемијата со корона вирусот не ја спречи младата амбициозна Јана повторно да го покаже својот талент. Таа храбро чекори по својот пат и веќе претставува музички амбасадор на Радовиш и на Македонија.

Нејзиниот талент го негува со многу труд и работа.

Им посакуваме ние како редакција успеси и во следниот период на нашата Јана.

 


Related Articles

Временска прогноза