Морковот и неговите маѓични дејства…

Морковот содржи каротин и провитамин А кој ја штити слузницата и има силно антиоксиданско дејство-ги”убива “слободните радикали кои се причинители на тумор и придонесуваат за брзо стареење.

 Сокот од морков го зајакнува имунитетот, го подобрува апетитот, го забрзува варењето, го јакне коскеното ткиво, го нормализира метаболизмот, ги санира воспалителните процеси и инфекции.

Морковот е двегодишно тревнато растение и многу е важен во исхраната. Потекнува од Европа, а поради својата лековитост народот го нарече”мала прирачна аптека”. Ако секојдневно се конзумира, морковот може да ја спречи појавата на многу заболувања бидејќи содржи каротин (провитамин А), витамини од групата Б, Д, Е, потоа етерично масло, пектин, фитостерин, аспарагин, глутамин, галактан, пентозан, инозитол, шеќер, скроб, целулоза, белковини и друг минерали. Концентрацијата на каротин кој има лековито дејство на желудникот, цревата, очите и кожата, поголема е во морковот отколку во кое било друго растение. Морковот треба да се користи цел, дури и листовите, а коренот не треба да се лупи, бидејќи на тој начин се губат драгоцените состојки.

Сокот од морков го зајакнува организмот, го подобрува апетитот, го забрзува варењето, го зајакнува коскеното ткиво и го нормализира метаболизмот. Се препорачува и во лекување на црниот дроб и дигестивниот тракт-го прочистува црниот дроб и ги исфрла штетните материи, а благотворно делува и на ендокриниот систем. Сокот од морков е одличен лек за многу болести. Меѓутоа, едно од поважните дејства на овој сок е што влијае за нормализација на метаболизмот, намалување на телесната тежина и воспоставување на хемиската рамнотежа во целиот организам.


Слабокрвност и замор
Доколку ве мачи замор,а покрај тоа сте и слабокрвни, права терапија за вас е сок од морков. Во литарско шише сипете по 500 мл сок од морков,цвекло и ротква. Важно е свежо исцедените сокови од зеленчукот да се сипат во темно шише, а околу грлото на шишето да направите обвивка од тесто за течноста по затворањето да не може да испарува од шишето. Сокот треба да се пие три дена во месецот, пред сите главни оброци.

Исто така, можете да направите сок од 285 мл морков, 85 мл цвекло и 85 мл краставица. Подготвената смеша на сокови се зема дваесеттина дена, три пати дневно 20-30 минути пред јадење во доза од половина чаша.Сокот од морков може да се комбинира и со сок од спанаќ-283 мл сок од морков и 170 мл од спанаќ. Соковите се мешаат и се земаат по половина чаша три пати дневно пред јадење.

Ако сакате да го одбегнете правењето сокови, ви препорачуваме секое утро да изедете по 100 гр. морков со павлака или масло. Најкорисен е ако е варен.

Јакнење на имунитетот
Морковот содржи каротин и провитамин А кои ја штитат слузокожата има силно антиоксидансно дејство што значи дека ги “убива” слободните радикали кои предизвикуваат тумор и придонсувата за побрзо стареење. Покрај тоа, морковот го забрзува заздравувањето на организмот после инфективни болести.

Препорака: Измиксирајте пет моркови со сок од еден лимон. Овој сок пијте го секое утро.


Заболување на црниот дроб

Морковот благотворно делува и на заболениот црн дроб. За санирање на заболувањето на црниот дроб идална комбинација е сок од морков со млеко.

Подготвување:

Се мери 100 мл сок од морков и 100 мл млеко кое по загревање на температура од 70-80 степени, се меша со сокот од морков. Оваа смеша се зема наместо појадок, но важно е да се пие полека со мали голтки

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 


 

 

Related Articles

Временска прогноза