МОЌТА НА ДИВИОТ ЛУК!

Сремуш (Див лук) е самоникната јадлива билка со исклучителна лековитост и широк спектар на делување! Oваа чудесна билка, која природата и ја подарила и на Македонија во изобилство треба да се искористи на вистински начин.

Дивиот лук во 1996-тата година е прогласена за медицинска билка на годината во Европа, а познатиот природонаучник др.Кунцл вели дека ниту една билка на светот не е така делотворна во чистењето на цревата, желудникот и крвта, како што е тоа дивиот лук. Тој има голема лековита моќ, па дури и мечките кога ќе се разбудат од зимскиот сон, го бараат дивиот лук за да ги исчистат желудникот, цревата и крвта, па оттаму и едно од народните имиња на оваа билка е мечкин лук.

Дивиот лук содржи есенцијални масла богати со алин, изоалин и други сулфидни соединенија. Младите листови имаат 20-50 mg витамин Ц и околу 7% каротен.

Содржи алицин, еден од најмоќните антимикробни елементи во природата, па го нарекуваат и природен антибиотик. Поради високото количество аденозин, дури 20 пати е полековит од обичниот лук.


Дивиот лук го намалува високиот крвен притисок, ја намалува количината на липиди, триглицериди и холестерол и делува како антиоксиданс. Исто така, помага при настинки бидејќи има антибактериско дејство, штити од атеросклероза, не дозволува соединување на тромбоцитите и помага кај проблемите со чир на желудник.

Дивиот лук помага во подобрување на циркулацијата, благотворно делува на срцето, има антимикробно дејство(спречува инфекции и го забрзува зараснувањето на раните), го чисти организмот од штетни материи (пушење, алкохол и др.) покажува добро дејство во респираторните заболувања (бронхитис,астма и др.) и зацелување на рани(дерматитис итн). Дивиот лук (сремуш) е природен антиоксиданс и влијае во подобрувањето на имунитетот. Ефикасен е против цревни паразити кај деца и ја стимулира работата на желудникот и цревата.

Освен тоа дивиот лук (сремуш) може да се користи и надворешно, за измивање на косата со кое го спречува сезонското опаѓање на косата. Најдобро е неговото дејство тогаш кога капки од див лук се измешат со шампон од коприва и со тоа се мие косата два пати неделно. Така на природен и загарантиран начин ќе го намалите опаѓањето на косата.


Дивиот лук, за жал не е достапен преку целата година, но набран во фрижидер може да се чува неколку денови. Со сушење и готвење ги губи лековитите својства па затоа на пазарот се продаваат тинктури (капки) кои ќе можат да се користат кога ќе притребаат. Можете да припремите и лековито вино или други специјалитети кои се пијат или јадат веднаш по припремањето.

Со опаѓањето на имунитетот, дивиот лук е одлично природно средство кое македонската природа ни го нуди!


 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

Related Articles

Временска прогноза