НБРМ пушти во оптек ковани пари од 100 денари

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека се издадени и се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Риби“ и „Овен“ од серијата „Хороскопски знаци“

Кованата пара „Риби” од серијата „Хороскопски знаци“ ги има следниве карактеристики:

– На аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Риби. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот систем. Во позадината е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Исто така, прикажани се и натписи на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.

– На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на риби од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создадена од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на знакот риби и соѕвездието Риби претставена на монетата преминува и на вметнато кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак риби. Во долниот дел се претставени две златни рипки на позадина на цртеж на кој е претставен Сончевиот систем. На левата страна се прикажани латинското име на хороскопскиот знак – PISCES и ознаката „Ag 925“.

Кованата пара „Овен” од серијата „Хороскопски знаци“ ги има следниве карактеристики:

– на аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Овен. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот систем. Во позадината е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Исто така, прикажани се и натписи на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.

– на реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на овен од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создадена од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на знакот овен и соѕвездието Овен претставена на монетата преминува и на вметнато кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак овен. Во долниот дел е претставена глава на златен овен на позадина на цртеж на кој е претставен Сончевиот систем. На левата страна се прикажани латинското име на хороскопскиот знак – ARIES и ознаката Ag925.

Овие ковани пари се изработени од сребро Ag925, со тежина на среброто од 23,30 г, чистота на среброто од 19,43 г, во квадратна форма со димензии 37 х 37 мм, полирани со позлата и вметнато кобалтно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 мм.

Цената на кованaтa парa „Риби“ и на кованата пара „Овен“ изнесува 2.800,00 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Related Articles

Временска прогноза