НИКАКО ДА ИМ ТРГНЕ НА РАДОВИШКИТЕ  ЕКИПИ

Нови порази на ФК Плачковица и ФК Детонит

Во денешните натпревари од 6-то вонредно коло во Втората фудбалска лига на Македонија нашите два второлигаши ФК Детонит и ФК Плачковица повторно претрпеа порази.

ФК Плачковица на домашен терен го одигра натпреварот со фаворитот за влез во Првата Македонска фудбалска лига за наредната година ФК Борец од Велес кој со овој напрревар е убедлив на првата позиција со максимален број на бодови.

Иако нашите фудбалери поведоа со еден прекрасен гол на Даниел Радојчиќ во 8 минута, но потоа за ФК Борец голови постигнаа Симеон Христов, кој беше двоен стрелец, како и Бојан Колевски и Ѓорѓи Ѓорѓиев, за конечни 1-4.

ФК Плачковица е на шестата позиција со седум бодови од кој две победи и еден нерешен резултат, но и три порази во оваа сезона.

Фото галерија: ФК ПЛАЧКОВИЦА – ФК БОРЕЦ

ФК Детонит во оваа коло гостуваше во Кавадарци на домашната екипа ФК Тиквеш каде што загуби со резултат 2-0. ФК Детонит е на последното десето место на табелата од шесте кола одиграни е со шест порази и без бодови.

Следното коло ФК Плачковица гостува во Гевгелија на ФК Кожуф, додека ФК Детонит игра на Градскиот стадион во Радовиш против екипата на ФК Брегалница од Штип.





Related Articles

Временска прогноза