РАДОВИШ: „ТРАДИЦИОНАЛНИ ПРВОМАЈСКИ НАТПРЕВАРИ 2018“

Вчера на Градскиот стадион во Радовиш беа одржани традиционалните Првомајски Атлетски трки.

Првомајските традиционални натпревари се под покровителство на Општина Радовиш и Градоначалникот Герасим Конзулов.

 Учесниците-дечиња имаа можност да се натпреваруваат во дисциплините: Трка на 400 метри – Ученици од IV и V одд. (машки и женски), Трка на 600 метри – Ученици од VI и VII одд. (машки и женски), Трка на 800 метри – Ученици од VIII и IX одд. (машки и женски), Трка во платнена вреќа – сите категории (машки), Трка со јајце во лажица – сите категории (машки).


Во Спортска сала 25 Мај во Радовиш во склоп на оваа програма беа одржани и  Турнир во Пинг Понг како и Tурнир во Шах.

Првомајскиот турнир во Пинг Понг во Општина Радовиш – конечниот пласман на првите четвртопласирани е:

1.Место: Гоце Димоски

2.Место: Венко Стојанов

3.Место: Милчо Чачаров

4.Место: Марјан Крстев


Исто така во неделата на Езерото Мантово беше одржан и Општински натпревар во спортски риболов

Победници:
1-во место – Никола Кршков со улов 1.840 гр.
2-ро место – Васе Здравков со улов 1.780 гр.
3-то место – Драган Атанасовски со улов 1.580 гр.

Related Articles

Временска прогноза