ОДРЖАН ТРАДИЦИОНАЛНИОТ „УЧИЛИШЕН НАУЧЕН САЕМ 2018“

Саемот се одржa во Училишниот двор на СОУ Коста Сусинов каде што на полуматурантите од сите општински основни училишта им беа презентирани наставните програми на СОУ Коста Сусинов. На саемот учествуваа сите 5 основни училишта од Радовиш и средното училиште Коста Сусинов.

Училиштата на своите штандови ги изложија сите свои поважни проекти коишто ги реализирале во тековната учебна година.

Дворот на средното училиште во сабота беше преполн како кошница полна со прекрасните макети на учениците помежу кои доминираа куќите на иднината и еко системите, хемиските и физичките експерименти, прекрасните етно елемнети, електро системите, филиграните, накитот, еколошките пораки, ликовните дела и уште многу други саемски експонати во духот на науката и уметноста.

Како гости на саемот учествуваа и учениците од општина Конче.


Саемот свечено беше отворен од страна на секретарот на општина Раедовиш – Драги Стојанов, а свеченото отворање беше збогатено со две кореографии од реномираното балетско студио „Газели„ Радовиш.  Покрај штандовското саемско изложување, училиштата се преставија и со културно-уметнички точки, како и со прeзентација на личната карта на училиштето.

На крајот од саемот, по одлуката на стручна комисија составена со претставници од општината и наставници, беа доделени четири специјално дизајнирани пехари

1. СОУ Коста Сусинов за Најдобро саемско преставување,
2. ООУ Крсте Петков Мисирков за Најдобар проект, макета – Куќа на иднината
3. ООУ Никола Карев, Гаврилова Анастасија за Најдобра ликовна творба и
4. ООУ Коста Рацин Подареш за Најдобра музичка точка 

Related Articles

Временска прогноза