ПОСКАПЕА ГОРИВАТА

Новите цени на нафтените деривати бележат скок.

Ова стана јасно од одлуката која ја донесе регулаторното тело а според кое во следните две недели возачите ќе полнат резервоари по цени поскапи од претходните две недели.

Тоа значи дека оние кои „возат на бензин“  Еуросупер 95 ќе точат за 71,5 денари за литар а Еуросупер 98 ќе го плаќаат 73 денари за литар.

Дизелашите пак ќе ги полнат возилата со овој дериват кој од полноќ почна да се продава по цена од 62,5 денари.

Поскапе и Екстра лесното масло за домаќинство кое ќе чини 51 денар по литар а мазутот ќе чини 34,45 денари.

 

 

 

 




 




 




Related Articles

Временска прогноза