ПИНГ ПОНГАРИТЕ НА ППК РАДОВИШ СО ПОБЕДИ ЈА ЗАПОЧНАА СЕЗОНАТА

Пингпонгарите на ППК Радовиш ги одиграа првите две кола каде забележаа убедливи победи над своите противници од 4:0 против екипата на ППК Борец-Тим од Велес и 4:1 над екипата ППК Струга од Струга.

На првиот натпревар настапија: Милчо Чачаров, Гоце Димоски и Венко Стојанов а во вториот натпревар настапија: Марјан Крстев, Гоце Димоски и Венко Стојанов.

Следната Недела на ден 14.10.2018 ќе се одиграат наредните две кола, односно третото и четвртото коло против екипите на ППК Студент од Скопје и ППК Пошта 2 истотака од Скопје.





 

Related Articles

Временска прогноза