ОДРЖАН ТРАДИЦИОНАЛНИОТ „6-ТО НОЕМВРИСКИ АЛПИНИСТИЧКИ СОБИР“

АК Плоча од Радовиш го организираше традиционалниот 6-то ноемвриски алпинистички собир, во чест на ослободувањето на Радовиш.

Алпинистички клуб Плоча од Радовиш 12 пати по ред го организира овој собир, кој од година во година е се по посетуван и добива меѓународен карактер.

Собирот се одржа за време на викендот од 08 до 10 Ноември на локалитетот Плоча. Учество земаа преку 40 качувачи од повеќе градови во Македонија, гости од соседна Бугарија и Грција, како и членови од американскиот Мировен Корпус.

Собирот беше од слободен карактер, се качуваа насоки по сопствен избор и способност. На собирот се искачија повеќе од 150 насоки со различни тежини, должини и локации. Се качуваше во повеќе техники, што претставува добар тренинг и можност за надминување на самите себе.

Во Неделата поради ноќните врнежи условите на карпата не беа добри, но сепак се реализираа качувања. Ноќевањето беше во алпинистичкиот дом Плоча каде што во ноќните часови се одржаа презентации и дружење. Настанот беше под покровителство на општина Радовиш во склоп на одбележување на 1000 години Радовиш.

 


 



 





 



 



 





 

Related Articles

Временска прогноза