Радовишка околија: ПОДАРЕШ

Подареш е село во Општина Радовиш во околината на градот Радовиш.

Овде работи ООУ „Коста Рацин“ – Основно училиште со подрачни училишта во Јаргулица и Покрајчево. Во село Подареш исто така активно работи и функционира Фудбалскиот клуб „ФК Готен„ кој се натпреварува во „Општинската фудбалска лига “,  и Фолклорниот ансамбл „ФА Подарешани“.

 Според статистиката на Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Подереш има 700 жители, од кои 400 христијани (Македонци) и 300 Турци.

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.527 жители и претставува голема населба со стабилна демографска положба. До средината на 50-тите години, околу 20 % од населението биле Турци, кои започнале да се иселуваат во Турција.


На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 1.051
1953 902 239 32 3 2 1.178
1961 1.179 67 7 10 1.263
1971 1.344 12 1 2 1.359
1981 1.463 13 2 2 1.480
1991 1.438 17 1 1 1.457
1994 1.401 11 1 1.413
2002 1.515 11 1 1.527

  

Грб на поранешна Општина Подареш


Личности од Подареш

  • Васил Спасов, македоно-одрински ополченец, 3 рота на 3 солунска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен
  • Васил Стојанов Христов (1892 – ?), македоно-одрински ополченец, 3 рота на 3 солунска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен
  • Иван Месаров (1858 – 1913), македонски револуционер, војвода на ВМОРО
  • Мане Наков (1892 – ?), македоно-одрински ополченец, 3 рота на 3 солунска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен
  • Ставруш Месаров, македонски револуционер, војвода на ВМРО;
  • Стојан Стојков (р. 1941) – македонски композитор и професор;
  • Јордан Митев (р. 13 август 1986) – македонски пејач;

 


 

Related Articles

Временска прогноза