Порталот RadovisNews член на IAB Macedonia

Interactive Advertising Bureau (IAB) е светска организација за унапредување на дигиталниот маркетинг. Основана е 1996 во Њујорк а во моментов има 43 ИАБ лиценцирани канцеларии кои работат во земји ширум светот и една регионална IAB канцеларија, во Европа.

IAB Македонија е отворена 2012 година, а во него членуваат голем број на маркетинг агенции, медиуми и компании кои се залагаат за развој на дигиталниот и интерактивниот маркетинг во земјата.

Кодексот има за цел да ги пропише правилата на најдобрите практики во дигиталното издаваштво и огласување, со цел сите индивидуални лица и компании кои се поврзани со дигитално издаваштво и огласување и кои делуваат на територијата на Македонија меѓусебно да ги регулираат и заемно да ги почитуваат правилата за фер, етички и добри професионални практики во врска со креирањето и објавувањето на содржини, производи и услуги кои ги нудат преку своите дигитални медиуми.

Како дел од глобалната iab мрежа, оваа асоцијација има за цел:

  • да ги спои професионалците од областа на Маркетингот;
  • да го унапреди дигитаниот маркетинг во Македонија;
  • да го зголеми огласувањето преку дигитални медиуми преку обуки предводени од лидери во индустријата;
  • Да постави стандарди за дигитално огласување на пазарот и мерења да податоците во врска со истото;
  • Да организира семинари, подиумски дискусии, трибини, конференции со теми од областа на дигитални медиуми;

  •  

 

Related Articles