ПОСЕТА НА ЗБРАТИМЕНИОТ ГРАД БЕЛИШЧЕ ОД ДЕЛЕГАЦИЈА НА РАДОВИШ

Делегација од општина Радовиш во посета на збратимениот град Белишче во Република Хрватска

 

Во деновите од 13 до 15 Септември, делегација од општина Радовиш предводена од Градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов, беше во посета на збратимениот град Белишче во Република Хрватска. Повод за гостувањето беше одржувањето на традиционалната манифестација „Белишчанска златна есен“, во чии склоп се одржаа повеќе протоколарни и културно-спортски активности. Покрај делегацијата од ЕЛС општина Радовиш и општинските установи, дел од посетата на Белишче беа и Фолклорниот анасамбл „Ацо Караманов“ и ликовни уметници од „ДЛУР РАДА“, кои учествувајќи во повеќе активности, уште еднаш на највисоко ниво ја претставија нашата општина.

Во текот на првиот ден беа одржани манифестациите „Пекмезијада“ и „Музички мостови на културите“ каде свој прекрасен настап имаше нашиот фолклорен ансамбл заедно со ансамблите од Србија, Црна Гора и Словенија.

По отворањето на меѓународната ликовна колонија „Панон Белишче“, на 14-ти во свечената сала на Советот во општината, делегацијата имаше официјален прием кај Градоначалникот на град Белишче Г-дин Динко Бурич, кој упати огромна благодарност за одличната соработка помеѓу нашите две општини. На оваа свеченост, свое обраќање имаше и Градоначалникот Герасим Конзулов, како и останатите присутни Градоначалници од општините Богатич од Р.Србија, Колашин и Мојковац од Р.Црна Гора, општината Бенковац од Р.Хрватска како и претставник од општина Цеље од Р.Словенија.

Истиот ден беше остварена посета и на етно селото Бочањевац а во текот на вечерта, делегацијата присустуваше на прогласувањето на победниците на традиционалниот државен натпревар во готвење на чобанац, кој се одржа на плоштадот во Белишче.

Третиот ден од посетата, делегацијата присустуваше на свеченото откривање и благослов на скулптурата „Воскреснатиот Исус“ во Белишче а самата манифестација „Белишчанска златна есен“ заврши со фолклорна смотра и настап на 15 културно-уметнички друштва и ансамбли од седум држави вклучувајќи го и Фолклорниот ансамбл „Ацо Караманов“.

Стекнувајќи нови позитивни искуства од оваа посета, делегацијата  на 16 Септември замина од општина Белишче.

 

Информират од Општина Радовиш

 

 






 


 







 






 

 



 




.

Related Articles

Временска прогноза