ПЛАКЕТИ ЗА КРВОДАРИТЕЛИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА

Вчера по повод одбележувањето на денот на крводарителството, во салата за состаноци во општина Радовиш, од страна на Градоначалникот на општина Радовиш беа доделени плакети на десет крводарители од општина Радовиш.

„Крводарувањето во буквална смисла на зборот е дарување на живот. Токму поради тоа сите Вие коишто дарувате крв, спасувате нечиј живот“ – истакна Градоначалникот Герасим Конзулов.

Во соработка со општинската организација на Црвениот крст од Радовиш, денес беа доделени плакети на: Горѓи Тумбовски за повеќе од 100 дарувања, Николче Калајџиев за повеќе од 50 дарувања, Душко Ќосев и Васил Јованов за повеќе од 25 дарувања Ванчо Калајџиев за повеќе од 20 дарувања и Елена Илиева, Златко Ристов, Петре Пенев, Крсте Кирилиев и Иван Атанасовски за повеќе од 10 дарувања.


 

Related Articles

Временска прогноза