ПРЕЗЕНТАЦИЈА ОД ПРОЕКТОТ ЗА ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ ЗА ЕКОСИСТЕМСКИ-БАЗИРАНО НАМАЛУВАЊЕ ОД КАТАСТРОФИ

Проект за градење на капацитети за Екосистемски-базирано намалување од катастрофи (ЕКО-НРК) преку одржливо управување со шумитево Република Македонија

Јапонската интернационална агенција за соработка(JIKA), во просториите на општина Радовиш, изврши презентација во врска со проектот за градење на капацитети за екосистемско-базирано намалување од катастрофи,преку одржливо управување со шумите во Република Македонија.

Целта на презентацијата е запознавање со Проценката на ефектот од пораст на шумите врз ризикот од катастрофи со студиско истражување, за шумската функција врз превенција и намалување на непогоди и Мониторинг методологија со истакнување на основните информации за микролокацијата -с.Коџалија,општина Радовиш која е цел на проектот.

На презентацијата учествуваа претставници од: општина Радовиш, РЦУК п.о. Радовиш, ЈП,,Mакедонски Шуми” подружница Радовиш и тимот од стручни експерти кои се вклучени во проектот.

Извор: Општина Радовиш


 




 

 

Related Articles

Временска прогноза