ЗДРУЖЕНИЕТО ИНВЕНТИВНОСТ ОД РАДОВИШ ГО РЕАЛИЗИРАШЕ ПРОЕКТОТ: „СПОДЕЛЕНА ПРЕТПРИЕМАЧКА ОКОЛИНА ЗА КРЕАТИВНА МЛАДИНА“

Здружение ИНВЕНТИВНОСТ од Радовиш, во соработка со партнерите, Фондација за културен и интелектуален развој “Оптимист“ од Гоце Делчев Бугарија, го имплементираат проектот “Споделена претприемачкa околина за креативна младина”. Проектот е финансиран од Европската Унија, од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Имплементацијата на Проектот е насочена да помогне за надминување на најсериозните слабости на прекуграничниот регион во областа на младинското претприемништво, како што се: високиот процент на невработеност на младите, недостаток на поддржувачка околина и миграција на младите кон други региони. Дополнително, еден од најголемите проблеми и во двете земји е високиот процент на NEETs (млади луѓе кои не се вработeни, не се со образование и не се обучуваат).
Главна целна група на проектот се млади луѓе од прекуграничниот регион. Младите имаат можност да добијат иновативна услуга за учење развој во сферата на креативна индустрија.

Со имплементацијата на проектот спроведени се следните активности:

– Кампања за подигнување на јавната свест – преку која пошироката јавност е информирана за целите на проектот и е побуден интерес кај младите за учество во проектот
– Развој на заеднички методологија за ангажирање и градење на капацитетите на младите – во која се идентификувани слабостите на двата региона и потребата за имплементација на проектот, и е направен план на активности и програма за обука на младите лица.
– Имплементација на методологијата за споделена претприемачка околина
– Ангажирање на идните co-working корисници со менторска поддршка
– Поттикнување на претприемачки настани во Струмица и во Гоце Делчев

Во рамките на проектот опремени се две работни простории (во Радовиш и во Гоце Делчев), за младите со бизнис идеи од креативните индустрии. Заедничкото работно место за младите луѓе претпоставува можност за присуство на работно место каде што корисниците ќе имаат приватност и можност за задлабочена работа.
Уметниците се со изострен вкус за естетика на средината во која живеат и работат. Кога станува збор за заедничко работно место, добро е тоа да одговара на одредени естетски критериуми. Затоа уште при неговото планирање консултирани се професионалци – експерти.

Работните места се опремени со:
– канцелариски мебел (конференциска маса, работни бироа, столици, затворени ормари)
– клима уред;
– доволно моќни мобилни компјутери за поддршка на современите софтверски решенија;
– мултифункционален уред со можност за печатење, копирање и скенирање кој се користи од сите учесници;
– мултимедијален уред – подвижна интерактивна табла;
– технички средства за презентација на дела – рамки, флип чарт или друго;

Младите, во заедничкиот работен простор, во текот на септември и октомври користеа обуки и менторска поддршка, за стекнување на вештини за управување со мал бизнис, од врвни експерти распоредени во 3 модули на следните теми:

МОДУЛ 1 „ОСНОВИ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВО“
– Претприемачка активност и претприемачки процес
– Иновации и претприемништво
– Претприемачка идеја – препознавање на можности
– Карактеристики на претприемачот
– Претприемачот како лидер
– Социјално претприемништво
– Социјално претпријатие и
– Социјален претприемач.

МОДУЛ 2 „КАКО ДА СОЗДАДЕМЕ СОПСТВЕН БИЗНИС?“
– Одлука за започнување на сопствен бизнис
– Краток опис на бизнис идејата
– Како да го регистрирам бизнисот?
– Бизнис стратегија и вредности
– Стратегија за маркетинг и продажба
– Етичко бизнис однесување
– Корпоративна општествена одговорност
– Презентација “elevator pitch”
– Како да направите добар прв впечаток?

МОДУЛ 3 „УПРАВУВАЊЕ НА БИЗНИС“
– Дигитален маркетинг
– Онлајн претставување
– Креирање и управување со тимови
– Финансирање на мал и среден бизнис
– Финансии за нефинансисти
– Основи на сметководството
– Воспоставување на контакти со добавувачи и партнери
– Правни димензии.

Во ноември 2017 година на завршни настани во Струмица и Гоце Делчев – Бугарија, младите ги претставија своите креативни бизнис идеи пред претставници на бизнис секторот, финансиските и државните институции. Од претставници на водечките финансиски институции (Стопанска банка и НЛБ титунска банка) беа презентирани продуктите кои ги нудат банките за поддршка на малите бизниси.

Претставницитре на Агенцијата за вработување на Република Македонија ги презентираа активните мерки за поддршка на невработените лица како што се:
– Мерките за поттикнување на вработувањето, вклучително на самовработувањето во Македонија, кои се управувани од Националната агенција за вработување и вклучуваат:
o Програма за самовработување на 950 невработени – обезбедување на обука за започнување на свој бизнис.
o Образовна програма за 2000 невработени за поддршка за стартување и управување со сопствен бизнис.
o Програми за обезбедување на субвенционирано вработување на младите луѓе.

И претставниците на Локалната самоуправа и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион дадоа свое видување на бизнис климата за развој на мали бизниси.
Заклучок на учесниците во проектот е дека е потребно почесто да се реализираат вакви проекти и да се организираат вакви настани преку кои младите ќе се стекнат со нови знаења и вештини но и со контакти за размена на идеи.

Здружение ИНВЕНТИВНОСТ Радовиш и по завршувањето на проектот ќе пружа консулнтантска поддршка на идните претприемачи и на постојниот бизнис сектор, преку start up academy, со организирање на едукативни работилници за актуелни теми од областа на економијата, правото и работните односи.
Подетални информации во врска со Проектот и спроведените проектни активности можете да се најдат на веб страната на www.inventivnost.com, на тел. 032/633-632 и во седиштето на Здружение ИНВЕНТИВНОСТ Радовиш на ул. Коста Сусинов бр. 22, Радовиш.

 

Здружение ИНВЕНТИВНОСТ  www.inventivnost.com

Related Articles

Временска прогноза