РАДОВИШАНЕЦ СУДЕШЕ НА СПЕЦИЈАЛНАТА ОЛИМПИЈАДА ВО АБУ ДАБИ

Радовишанецот Славе Јованов учествуваше како интернационален ракометен судија на специјалната олимпијада која се одржа во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати изминатата недела.

Славе е интернационален судија со лиценца-меѓународен ракометен судија за ракометни натпревари за Северна и Јужна Америка. Нему оваа му е втора олимпијада како судија, првата беше пред четири години во Лос Анџелес САД, каде што исто така судеше ракометни натпревари.

Нашиот сограѓанин Славе инаку живее и работи веќе подолг период со Сан Франциско покрај професионалниот ангажман во Google активно се занимава со ракомет каде што со неговиот клуб два пати го има освојувано Купот на САД.

Честитки за Славе од редакцијата на RadovisNews, му посакуваме уште голем број на успеси како на професионален така и на спортски план.

 

 



 

 




 




Related Articles

Временска прогноза