РАДОВИШ СО ПРВИОТ СНЕГ !

Утрово радовишани се разбудија со првиот снег.

Студено, облачно и на места со врнежи од снег или дожд. Вакво време не очекува последниот работен ден од оваа седмица.

Метеоролозите најавуваат дека слаби врнежи претежно од снег ќе има во западниот крај и во источниот регион.

За разлика од вчерашното, ова утро ќе биде потопло а минималната температура ќе има вредност помеѓу -2°С и 1°С.

Во Македонија Максималната температура има вредност помеѓу 2°С и 4°С низ најголем дел од котлините во северниот и западниот крај,а во гевгелиско – дојранскиот до околу 7°.

 



 

 




Related Articles

Временска прогноза