РК РАДОВИШ СУПЕРИОРЕН И ВО ПОСЛЕДНИОТ НАТПРЕВАР ОД ОВАА СЕЗОНА

Ракометарите на РК Радовиш во последниот натпревар за оваа сезона супериорно покажаа дека местото им е во оваа лига и следната сезона ќе бидат едни од кандидатите за Плеј оф завршницата. 

Тие на домашен терен во петокот го совладаа ГРК Борец од Велес со резултат 39.33, полувреме 21-11. 

Овој натпревар беше само формален за двете екипи бидејки го обезбедија опстанокот во Суперлигата за следната сезона. Во првиот дел тренерот Мијалов им даде шанса на најдобрите ракометари, а додека во вториот дел, играа младиците.

 

Најдобри кај домашните беа Божидар Симиќ и Ивица Илиев со по десет голови, додека кај Борец, Филип Николов со седум погодоци, а по четири дадоа Антонио Јаневски и Кристијан Ристов.

Related Articles

Post your comments

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Временска прогноза