11-13 ОКТОМВРИ „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2019“

По седми пат Радовиш ќе биде домаќин на традиционалната и најмасовна манифестација „Самун ем Татлија“

И оваа година, под покровителство на Општина Радовиш, а во организација на ОУ Центар за култура „Ацо Караманов“ во деновите од 11 до 13 Октомври, на локацијата – паркинг Орел, посетителите ќе имаат можност да уживаат во прекрасна програма исполнета со разни жанрови и содржини.

Уште еднаш сите заедно да докажеме дека нашите два бренда – Самунот и Татлијата, и нашата топла гостопримливост се можност да привлечеме уште повеќе гости и заедно да бидеме горди на нашиот голем јубилеј.

 

Известуваат од Општина Радовиш

 


 



 







 






 

 



 




Related Articles

Временска прогноза