СЕРГЕЈ БАЗДНИКИН, АМБАСАДОРОТ НА РУСИЈА ВО МАКЕДОНИЈА ГО ПОСЕТИ РУДНИКОТ БУЧИМ

Сергеј Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија, заедно со Владимир Хрисанфов, трговски советник при Амбасадата , во придружба на Ѓорѓи Дика, претседател на Македонско-руската стопанска комора и м-р Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора ја посетија денес компанијата „Бучим“ во Радовиш.

На разговорите што беа водени во рудникот со раководството на компанијата, предводено од Николајчо Николов, заменик – менаџер на компанијата, присуствуваше и потоа оствари и посебна средба со гостите, и Герасим Конзулов, градоначалникот на општина Радовиш и Никола Чаракчиев, претседател на Советот на општината.

Посетата ја организираше Македонско-руската стопанска комора со оглед на тоа што „Бучим“ прославува значаен јубилеј – 40 години од постоењето.

Гостите беа информирани дека рудникот за бакар и злато „Бучим“, членка на Македонско руската стопанска комора, ја доби дозволата за екслоплатација на руда од новото рудно тело „Боров дол“, со што сe продолжување и векот на работата на рудникот, а 700 вработените останауваат на своите работни места. Просечната плата во компанијата изнесува 555 евра, но и покрај тоа недостасуваат рудари и стручни работници.

– Подготовките на рудното тело, изградбата на подвижната лента од „Боров дол“ до рудникот „Бучим“ и други градежни активности ќе чинат околу 53 милиони евра. Сите овие активности треба да се одвиваат годинава, а рудата ќе почне да пристигнува во 2020 година од „Боров дол“, – ги информираше присутните Николајчо Николов.

Рудата која ќе пристигнува од „Боров дол“ на подвижната трака во должина од околу седум километри ќе се преработува во постојната флотација, а јаловината ќе се депонира исто така во постојното хидро јаловиште.Новото рудно тело „Боров дол“ се простира на територија на општините Конче, Штип и сосема мал дел е на Радовиш. Со стартот на експлоатацијата овие општини ќе добиваат и надомест од концесијата, која ја плаќа рудникот „Бучим“ на државата.

„Бучим“ врши ископ на 4,5 тони руда месечно, годишно финансиски тоа изнесува преку 60 милиони евра и се реализира профит од 18 милиони евра.Од концесијата што ја плаќа рудникот, 78 проценти оди во општинската каса, што е бројка од 1,2 милиони евра.Покрај тоа, „Бучим“ е општествено-одговорна компанија која секој месец издвојува по 5.000 евра за помагање на спортските и други активности во општината.

Големи се очекувањата на компанијата од престоечката гасификација, заради намалување на трошоците.Според градоначалникот, допрва се подготвува и се очекува спроведување на процедурата, но очекувањата се дека гасоводна мрежа во должина од 7 километри, како и секундарната, ќе биде готова до 2020 година, а прикључокот на „Бучим“ ќе се реализира во 2021 година.



 

 



 

 

Related Articles

Временска прогноза