Слатко задоволство наречено УРМА

Слатко задоволство наречено урма е плод кој нуди природен манган, бакар, фосфор, сулфур, калиум, калциум, тиамин, рибофлавин, ниацин, фолна киселина, витамин А, железо и магнезиум. Ако сакате рамнотежа во исхраната, ако сакате да се опоравите од болест или повреда, ако сакате да ги зајакнете мускулите, ако сакате да имате здраво срце, ако сакате да спречите појава на рак, ако сакате да го намалите чувството на глад, ако сакате здрав нервен систем, ако сакате да имате здрав дигестивен систем, ако сакате да се заштитите од појава на ноќно слепило, ако сакате да ја подобрите енергијата и виталноста, ако сакате здрава кожа и слузокожа, тогаш во исхраната внесете урми.
Здравствени придобивки

Здравје на коските

Минералите кои ги содржи урмата, ќе Ви помогне да ги зајакнете коските и да се заштитите од остеопороза. Заборавете на непријатната болка, која Ве спречува во секојдневното извршување на работите.

Здравје на цревата

Поттикнете го развојот на добрите бактерии во цревата. Урмите содржат растворливи и нерастворливи влакна кои ќе ја подобрат работата на цревата. Во исто време, подобрете ја работата на дигестивниот систем.

Затвор (запек)

Ако имате проблем со одењето во тоалет, тогаш не заборавајте дека урмите имаат лаксативно дејство. Јадете урми во утринските часови, но пред да одите на спиење потопете ги во вода. Оставете ги да отстојат преку ноќ, а потоа наутро изедете ги. Растворливите влакна ќе ги поттикнат цревата и ќе ја подобрат нивната работа. Повторувајте го ова секое утре и верувајте дека ќе се чувствувате полесно.

 

Анемија

Луѓето кои страдаат од анемија можат да си помогнат со внесување на урми во исхраната. Железото во урмите ќе им помогне на луѓето со анемија да го вратат изгубеното и да се чувствуваат подобро. Имајте повеќе енергија и сила, заборавете на заморот и омалаксаноста.

Алергии

Урмите содржат органски сулфур, а тој е од клучно значење за алергиските реакции. Соединенијата на сулфурот можат да влијаат врз сезонските алергии. Јадете урми и помогнете си во борбата со алергиите.

Идеална тежина

Урмите ќе му овозможат на Вашиот организам да ја одржите телесната тежина нормална. Нормалната тежина е идеална за здравјето. Воспоставете рамнотежа.

Енергија

Урмите содржат шеќери кои даваат енергија. Ако сакате сила, енергија и виталност, тогаш урмите треба да се најдат на Вашата трпеза, но во умерена количина (од 5-10 урми на ден).

Нервен систем

Урмите ќе Ви овозможат здрав нервен систем и добра мозочна активност. Изострете го својот ум и соочете се со проблемите кои ги носат годините.

Здраво срце

Ако имате проблеми со слабост на срцето, ако сакате да го намалите ризикот од срцев и мозочен удар, ако сакате да го намалите ризикот од појава на холестерол, тогаш секое утро јадете по 5 урми.

Како да ги одберете?

Урмите имаат леплива обвивка, поради тоа се изложени на нечистотии. Кога купувате урми, одберете урми кои имаат соодветна амбалажа. Ако купувате урми на мерење, кои не се пакувани, тогаш пред употребата ставете ги во ладна вода, така ќе ги отстраните нечистотиите.

Како да ги чувате?

Чувајте ги на темно, суво и ладно место. Ако ги потопувате во вода преку ноќ, тогаш употребете ги веднаш следното утро.

Намаз од урми

Состојки:

2 чаши урми;

2 лажици свежо цеден сок од лимон;

малку вода;

¼ лажица цимет;

прстофат морско оревче;

прстофат каранфилче;

прстофат ѓумбир во прав.

Подготовка

Во тенџере на оган ставете ги урмите и налејте вода (да се покријат). Варете ги урмите додека не омекнат (проверете со вилушка), околу 30 минути. Кога урмите ќе бидат меки, тргнете ги од оган, исцедете ја водата и оставете ги да се оладат. Потоа ставете ги во блендер и додадете ги останатите состојки, изблендирајте. Смесата ставете ја во тегла и чувајте ја во фрижидер. Ова е идеален намаз за појадок, но можете да го употребувате и за подготвување на колачи. Наздравје!

 

Related Articles

Временска прогноза