СНЕЖЕН АПРИЛ – Радовиш и Македонија под снег…

Под влијание на влажен и студен воздушен бран вчера забележавме големи врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег. На некои места врнежите беа обилни, над 25 литри на метар квадратен.

Како што соопшти УХМР, поради заладувањето и спуштање на дневните температури од 10 до 15 степени врнежи од снег ќе има и во некои пониски места, каде што ќе се формира снежна покривка.

Времето денес ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег.

Минималните температури в четврток и во петок на повеќе места ќе бидат под нулата.


Во шест часот утринава е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража.Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, соопшто Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

 



 

Related Articles

Временска прогноза