СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ ЗА ОДРЖА СВОЈАТА 9-ТА ИТНА СЕДНИЦА

Советот на општина Радовиш денес ја одржа својата 9-та Итна седница на која се разгледуваа 5 точки од дневниот ред.

Пред почетокот на оваа седница беа разгледани и усвоени точки од одложената 6-та седница и тоа: Предлог-одлуката за избор на спортист, спортска екипа и тренер за 2017 година, како и Предлог-Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести на територијата на општина Радовиш за 2018 година.

Од 9-та седница се разгледуваа и усвоија Предлог-одлуките за давање на позитивно мислење за изведување на ученички екскурзии за учениците од основните училишта во општина Радовиш, како и Предлог-одлуките за распределба на средства од буџетот на општина Радовиш на спортските клубови, здруженија и сојузи од општина Радовиш за 2018 година.

Related Articles

Временска прогноза