СПАСУВАЊЕ И ЕВАКУАЦИЈА -ТППЕ РАДОВИШ ОДРЖА ВЕЖБА ВО ПОДАРЕШ

ТППЕ Радовиш во соработка со Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Радовиш организираa вежба за евакуација во ООУ „Коста Рацин“ Подареш.

Во вежбата беа вклучени 150 ученици и 20 вработени во училиштето. По претходно утврдено сценарио беше организирана вежба за спасување во случај на пожар.

Притоа, ТППЕ ги обучи вработените и учениците како треба да постапат во случај на таква катастрофа и се запознаа со возилото кое е целосно опремено за секаков вид на интервенции.

Извршена беше евакуација на повредените ученици и на истите им беше укажана прва помош од страна на обучени волонтери од Клуб на млади на Општинската организација Црвен Крст Радовиш.

 


 




 


 

 



 





Related Articles

Временска прогноза