СРЕБРЕН МЕДАЛ ОД СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ ЗА ВЕТЕРАНИ ЗА ТРАЈАН АНГЕЛОВ

Изминатиот викенд во Скопје се одржа Светското првенство во борење за ветерани.

Некогашните активни борачи од Македонија беа доста успешни. Во многу категоирии, каде се појавија и екс олимписки и светски шампиони, македонските борачи беа рамноправни. Македонија освои четири медали, по две сребрени и две бронзени. Сребрени медали освоија Трајан Ангелов, во категоријата до 130 килограми и Рамадан Шабани до 87, а бронзи Игор Мицевски и Иса Фејзулаху.

Сребрениот медал не беше освоен лесно – Трајан Ангелов од Радовиш имаше три тешки борби и сите ги реши во своја полза. Во финалето бил оштетен во средбата со рускиот борач.

Нашите претставници од Радовиш исто така имаа успешни борби, доказ се петтите освоени места.

Инаку, на првенството учествуваа околу 300 борачи од 38 држави. Светските боречки велесили Турција, Монголија, Иран, Јапонија, Русија, очекувано, освоија најмногу медали.
Организацијата на првенството беше добра. Го следеше и претседателот на европската боречка федерација Цено Ценев, кој истакна дека е задоволен од приемот во Скопје и целокупната организација.





 

Related Articles

Временска прогноза