СТИПЕНДИИ ЗА ДВАЕСЕТ И ОСУМ УЧЕНИЦИ ОД ОПШТИНА РАДОВИШ

Дваесет и осум ученици добија стипендија од општина Радовиш, истите се доделуваат петта година по ред.

Градоначалник на општина Радовиш Герасим Конзулов вчера свечено им ги додели решенијата за стипендиите на 28 ученици од основното и средното образование за учебната 2017/2018 година. Според Правилникот за доделување на стипендии на ученици од основното и средното образование во кој беа наведени критериумите за избор на учениците и по распишаниот јавен за стипендирање на ученици во основното и средното образование во Радовиш.

Се доделија вкупно 28 стипендии на талентирани ученици од кои, 21 стипендија на талентирани ученици од VI до IX одделение во основните општински училишта во висина од 2,500 ден. како и 7 стипендии на талентирани ученици од I-IV година во средното општинско училиште во општина Радовиш во висина од 3,000 ден.а учениците ја добиваат девет месеци во текот на учебната година -додека трае учебната година.

 

Извор: radovis.gov.mk

Related Articles

Временска прогноза