(Фото+Видео) ВОДИЦИ 2020 ВО РАДОВИШ, СТОЈАНЧЕ ВУЧКОВСКИ – повторно најсреќен тој го фати Светиот господов крст во Радовиш

По трет пат оваа момче го фати Светиот господов крст на Водици во Радовиш

Во Радовиш големиот празник „Водици“ беше прославен од страна на верниците, кои што на базенот во комплексот Д-клуб се сообраа масовно да го проследат фрлањето на светиот крст.

БОГОЈАВЛЕНИЕ 2020 – ВОДИЦИ ВО РАДОВИШ

БОГОЈАВЛЕНИЕ 2020 – ВОДИЦИ ВО РАДОВИШ19.01.2020 год.БОГ СЕ ЈАВИ…..НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ…..

Gepostet von Radovis News am Sonntag, 19. Januar 2020

Чествувањето на големиот православен празник Богојавление-Водици 2020 во Радовиш започна со света литургија во двата храма Св. Пророк Илија и Св. Троица, од каде што после литургијата верниците во Литија се упатија кон базенот.

Овде се изврши големиот водосвет, по кој ќе следуваше фрлањето на крстот. Најсреќен и оваа година кој успеа да го фати чесниот крст беше Стојанче Вучковски кој помеѓу големиот број пријавени кандидати беше најсреќен, тој од овогодишниот кум Ѓорги Ристов доби подарок, а од страна на Градоначалникот на општина Радовиш г-дин Герасим Конзулов ЛЦД Телевизор исто така подароци му додели и Православната црква од Радовиш, Зегин, Рудникот Бучим и други.

Кумството од овогодишната манифестација од страна на Ѓорги Ристов беше предадено на Горан Поцев кој ќе биде кум за наредната година.

 

Комплетна фотогалерија

ВОДИЦИ 2020 – Радовиш 


 


 

Related Articles

Временска прогноза