СТУДИСКИ ПРЕСТОЈ ПОСВЕТЕН НА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО И ПОСЛЕДИЦИТЕ ВРЗ ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД НЕКОЛКУ ГРАДОВИ ОД СРБИЈА

Денес во Радовиш започнува дводневниот студиски престој на 13 учесници од пет градови од Република Србија: Велика Плана, Пожаревац, Големо градиште, Смедеревска Паланка и Кучево.

Во рамките на  студискиот престој на гостите од Србија во чиј состав има директори на училишта, педагози, психолози, советници за образование, библиотекари и професори по книжевност, денес се оствари прием кај градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов, кој што срдечно ги поздрави гостите и го изрази своето задоволство поради сериозноста на темата под чиј знак ќе се одвиваат активностите на овој студиски престој „Семејното насилство“ и фактот што во сите нив се вклучени и ученици од СОУ „Коста Сусинов“ заедно со учениците од петте градови од Србија.

Инаку, овој студиски престој е резултат од соработката помеѓу невладините организации „Свет на зборови“ од Велика Плана и „Женска акција“ од Радовиш во која што се вклучија и ОНБ „Браќа Миладиновци“ и СОУ „Коста Сусинов“.

Имајќи ја предвид темата на студискиот престој – горливиот проблем поврзан со семејното насилство, како и последиците врз младите, во програмата за овие два дена предвидено е одржување на трибина на тема: „Пет до дванаесет“ поврзана со семејното насилство во чии рамки ќе се изведат и две монодрами: „Знам која не сум–Не знам која сум“ во интерпретација на Стефанија Ефтимова и Моника Трајанова и „Денес добив цвеќе“ во изведба на Милијана Миловиќ.

Општина Радовиш (Фото Галерија)

 





 

 

 

Related Articles

Временска прогноза