ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ШТИП-РАДОВИШ, И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОСТОЕЧКИОТ ПАТ ВО ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА 2018 НА ЈП „ДРЖАВНИ ПАТИШТА“

УСВОЕНА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА ИЗГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА ЗА 2018 ГОДИНА

На последната Седница на Владата на Република Македонија усвоена е Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување на државните патишта за 2018 година на ЈП за државни патишта.

Врз основа на Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување на државните патишта за 2018 година планирани се инвестиции во вкупна вредност од 16 748 600 000 денари и тоа за следните проекти:

  1. Од сопствени средства предвидена е реализација на:

–  Градежни работи на делница Опае – Бељановце – Станчиќ

–  Продолжување и рехабилитација на државен пат А1 делница Неготино-Демир Капија

–  Доизградба на Регионален пат Крак 1 – (Фаза 2) на потег фабрика Вевчанка – Здравствен дом Вевчани

–  Рехабилитација на државен пат 1301, делница Охрид кај бензинската пумпа Билјанини извори – Коњско

–  Рехабилитација делница Сарај- Групчин

–  Рехабилитација Петровец – Миладиновци и Кадино – Хиподром

–  Рехабилитација на делница Битола – Новаци

–  Рехабилитација делница Петровец – Катланово

–  Рехабилитација државен пат Р1202 кружен тек ГП Блато

–  Рехабилитација А3 Јанковец – Ресен – Макази

–  Рехабилитација делница мост Близанско – Калуѓерац

–  Рехабилитација на државен пат Р2234 делница Пршовце – Јегуновце

–  Рехабилитација делница Берово – Струмица

–  Рехабилитација бавна лента Валандовско брдо

–  Рехабилитација делница Гостивар до с. Колари

–  Рехабилитација делница Ропалце – Матејче – Липково

–  Изградба на наплатни станици на автопати (преод Кадрифаково- Арбиново)

–  Санација на мостови на државен пат А2 Гостивар (мост кај с. Здуње) до с.Колари

–  Изградба на мост на државен пат Р2136 на река Пчиња кај Коњаре

–  Санација на горен строј на мостови

–  Санација на свлечишта

–  Осветлување на повеќе клучки и мостови

–  Поставување на сообраќајна сигнализација и опрема на патишта

  1. Со заем од Ексим Банка ќе се реализираат следните проекти:

–  Продолжување на изградба на автопат Кичево –Охрид

–  Продолжување на изградба на автопат Миладиновци – Штип

  1. Со заем од Светска банка ќе се реализираат следните проекти:

–  Регионален пат Р1207, Младо Нагоричане – граница Пелинце, должина 19 км

–  Државен пат А3е, Делчево – Звегор, должина 5 км

–  Државен пат А4, Струмица – Ново Село – МК / БГ граница, должина 20 км

–  Регионален пат Р1106, Јурумлери – Драчево, должина 5 км

–  Регионален пат Р1107, Кавадарци – Росоман, должина 11 км

–  Регионален пат Р1109, Дедели – Фурка – Богданци – Гевгелија, должина 24 км

–  Регионален пат Р1204, Куманово – Свети Николе, должина 25 км

–  Регионален пат Р1209, Тетово – Попова Шапка, должина 15 км

–  Регионален пат Р1302, Делчево – Пехчево, должина 15 км

–  Регионален пат Р1304, Берово – Виница, должина 7 км

–  Регионален пат Р1305, Битола – Демир Хисар, должина 10 км

–  Регионален пат R2131, Драчево – Орешани – Таор, должина 10 км

–  Рехабилитација на државен пат А3 делница Кочани-Делчево

–  Санација на свлечишта Лот 1 Тетово – Попова Шапка, Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево

–  Санација на свлечишта Лот 2 Лакавица – Неготино, Делчево – Берово, Битола – Новаци

–  Проект за проценка на безбедноста на патиштата –IRAP

–  Изградба на експресен пат делница Ранковце-Крива Паланка

  1. Со заем од Европската банка за обнова и развој ќе се реализираат следниве проекти:

–  Реконструкција на обиколница Кочани

–  Прoширување на левиот коловоз и реконструкција на двата коловози на патен правец Катланово-Петровец

–  Реконструкција на автопатска делница Миладиновци-Петровец

–  Реконструкција на автопатската делница Хиподрoм – Петровец

–  Реконструкција на автопатска делница Миладиновци-Хиподром

–  Реконструкција на патен правец Пробиштип–Крупиште

–  Реконструкција на патен правец Маврови Анови-Жировница

–  Реконструкција на трета лента на патен правец Фаришка клисура -Прилеп

–  Реконструкција на патен правец Штип–Радовиш, должина 20 км

–  Реконструкција на патен правец Кривогаштани-Крушево

–  Реконструкција на патен правец Карпалак – Желино

–  Реконструкција на патен правец Крива Паланка-Ранковце

–  Реконструкција на патен правец Скопје-Блаце

–  Реконструкција на патен правец Подмољњ-Струга-Ќафасан

–  Реконструкција на патен правец Куманово- Свети Николе

–  Реконструкција на патен правец Битола-Меџитлија

–  Реконструкција на патен правец Битола-Демир Хисар

–  Реконструкција на патен правец Крушево – Демир Хисар

–  Реконструкција на патен правец Катланово-Велес

–  Реконструкција на патен правец Куманово-Опае

–  Реконструкција на патен правец Велес-Градско-Неготино-Демир Капија

–  Реконструкција на патен правец Никуштак-Куманово

–  Реконструкција на патен правец Другово-Демир Хисар

–  Реконструкција на патен правец Македонска Каменица-Саса

–  Реконструкција на патен правец Кичево-Македонски Брод

–  Реконструкција на патен правец Узем-Тораница

–  Изградба на спој на експресен пат Велес – Кадрифаково со постојан регионален пат 1204

–  Проект за воведување на електронски систем за наплата на патарини на Коридор 10

–  Изградба на експресен пат Градско – Прилеп, делница Фаришка – Дреновска клисура

–  Изградба на експресен пат Штип – Кочани

–  Изградба на експресен пат Штип – Радовиш

–  Воведување на дигитална архива

  1. Инвестиционо одржување на патишта кои ќе се реализираат преку договорот со ЈП Македонија пат
  1. Изработка на проектна документација и надзор над градежните работи на државните патишта (изработка на физибилити студии, инфраструктурни проекти, студии за животна средина, основни проекти, како и надзор на изградбата и одржувањето на патиштата).

Владата на Република Македонија интензивно ќе продолжи со изградба и реконструкција на патната инфраструктура со цел да се стимулира економскиот раст и развој на земјата.

Related Articles

Временска прогноза