УСПЕШНИ РАДОВИШКИТЕ ФУДБАЛСКИ ВТОРОЛИГАШИ ОД ВЧЕРАШНИТЕ НАТПРЕВАРИТЕ

ФК Детонит вчера супериорен против екипата на Вардар од Неготино.

Втора победа по ред за нашата екипа, која покажа дека може секогаш повеќе. Во последниот натпревар на домашен терен за оваа полусезона публиката имаше можност да погледне прекрасни голови на овој натпревар.

Следното коло ФК Детонит гостува во Пехчево кај екипата на ФК Кит-Го.

ФК ДЕТОНИТ – ФК ВАРДАР 3-1 (2-0)


ФК Плачковица обезбеди само бод од гостувањето во Каменица, во натпреварот каде што нашите фудбалери доминираа.

Со играч помалку за ФК Плачковица и исклучувањето на Мирче Георгиев, пожртвуваноста на нашите фудбалери и посакуваните три бода не успеаа да ги донесат во Радовиш.

Вреди да се напомени дека беше поништен гол за ФК Плачковица од неразјаснети причини и нелогична судиска одлука овој гол не беше признат и покрај меѓусебното несогласување на судиите.

ФК САСА – ФК ПЛАЧКОВИЦА 0-0

Следното коло ФК Плачковица го игра на Граскиот стадион против екипата на ФК Партизан од Обршани.

ФК Каменица Саса – ФК Плачковица Радовиш 0:0 (highlights)

ФК Каменица Саса – ФК Плачковица Радовиш 0:0 (highlights)

Gepostet von Фк Каменица Саса am Samstag, 17. November 2018

 





Related Articles

Временска прогноза