ФК ДЕТОНИТ ПОДГОТВИТЕЛНИОТ ПЕРИОД ГО ЗАОКРУЖУВА СО ПОБЕДА ВО КОЧАНИ, ПРОТИВ ФК ОСОГОВО

ФК Осогово со голот на Андреј Рајатоски го отвори резултатот, но потоа со два погодоци Минур Асанов и Александар Трајчевски, по еден во двете полувремиња ФК Детонит стигна до победата.

Пред стартот на пролетниот дел од шампионатот нашите фудбалери одиграа повеќе контролни натпревари а овој беше последен.

Останува да видиме како ќе се одвиваат следните натпревари каде што екипата на ФК Детонит видно засилена ќе се бори за секој бод кој е многу важен во борбата за опстанок во Втората фудбалска лига.

ФК ОСОГОВО-ФК ДЕТОНИТ 1:2 (1:1)

Стрелци Минур Асанов и Александар Трајчевски

 

 



 





 




Related Articles

Временска прогноза