ФК ДЕТОНИТ СО РЕМИ ПРОТИВ ФК ТИКВЕШ

Започна пролетниот дел од првенството во Втората фудбалска лига (Исток), ФК Детонит денес на градскиот стадион во Радовиш го одигра натпреварот со екипата на ФК Тиквеш од Кавадарци.

Во една изедначена игра во текот на целиот натпревар ФК Детонит може да жали што не успеа да ги освои трите посакувани бода.

Во првото полувреме нашите фудбалери имаа неколку шанси но не успеаа да постигнат погодок, со што се отиде на пауза со резултат 0-0. Вториот дел од натпреварот гостите во 28 минута постигнаа погодок, но повторно ФК Детонит ја имаше играта и доминацијата на теренот. Во 43 минута дојде до изедначување со еден прекрасен погодок на Ѓоргиевски Александар.

Во овој натпревар главниот судија го санкционираше секој груб прекршок, доделени беа седум жолти картони, четири за гостите и три за нашиот клуб.

 ФК ДЕТОНИТ-ФК ТИКВЕШ 1-1 (0-0)

ФОТО ГАЛЕРИЈА


РЕЗУЛТАТИ – 15. КОЛО

Детонит јуниор – Тиквеш 1-1

Борец – Плачковица 3-0

Партизан О. – Вардар Неготино 1-0

Каменица Саса – Кит Го 1-0

Кожуф – Брегалница 0-0

 



 





 




 

Related Articles

Временска прогноза