ФК ДЕТОНИТ УТРЕ ВО НАТПРЕВАРОТ СО ФК КИТ-ГО, ПЛАЧКОВИЦА ГОСТУВА НА ФК ПАРТИЗАН ОБРШАНИ

Сабота 22.09.2018 година, со почеток од 15.30 часот, на Градскиот стадион во Радовиш, ФК Детонит ќе биде домаќин на екипата од Пехчево.

ФК Детонит оди на дуел овој викенд со еден од фаворитите на Истокот, тимот на Кит Го што секако е уште еден силен тест за капацитетот и можностите на оваа екипа, тимот на ФК Детонит го промени шефот на стручниот штаб повеќе не е Ратко Јанушев, кој си замина, туку на негово место е доведен Жанко Савов.

Савов како фудбалер е трикратен освојувач на Шампионската титула на Македонија (трипати со Вардар) и трикратен освојувач на Купот на Македонија (двапати со Вардар и еднаш со Цементарница). Како шеф на стручниот штаб има работено во неколку Македонски екипи а последната негова дестинација беше „Победа“ од Валандово која ја водеше во минатиот есенски дел од првенството.

Тимот на Детонит сеуште се обидува да ги освои првите бодови во оваа сезона. Вреди да се спомне натпреварот од минатото коло во Неготино против Вардар каде што Детонитци одиграа подобро но некои „непознати“ причини не успеаа да победат и да дојдат до трите бода.


ФК Плачковица утре гостува на ФК Партизан Обршани, каде што влегува како фаворит во овој натпревар, надевајки се дека трите бода ќе ги донесат во Радовиш. 

ФК Плачковица е на петтата позиција во Втората лига (Исток) со седум бодови, од кој две победи и еден нерешен натпревар.

 





Related Articles

Временска прогноза