ФК ПЛАЧКОВИЦА ПОДОБРА ВО ГРАДСКОТО ДЕРБИ

Во градското дерби од Втората фудбалска лига (Исток) од третото коло, ФК Плачковица беше поуспешна од ФК Детонит со резултат 2-0, полувреме 1-0.

Со еден квалитетен натпревар, прекрасен за следење од многубројната публика која беше присутна на Градскиот стадион во Радовиш, нашите два клуба покажаа дека имат квалитети и дека неслучајно се натпреваруваат во Втората фудбалска лига.

Неделниот празник за фудбалот во Радовиш беше одбележан со двата постигнати голови за ФК Плачковица од кој првиот на самиот почеток од натпреварот после шутот на Даниел Радојчиќ со одбиената топка на Таранинов зарши во сопствената мрежа со што на полувреме се замина со предност од 1-0 за Плачковица.

Второто полувреме исто така беше исполнето со многу шанси и удари кон головите, но конечниот резултат го постави Радојчиќ постигнувајки го вториот гол.

ФК ДЕТОНИТ – ФК ПЛАЧКОВИЦА 0-2 (0-1)

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК

Партизан Обршани–Борец 0-2, Тиквеш–Вардар Неготино 3-1, Детонит–Плачковица 0-2, Кит Го – Брегалница 1-2, Кожув – Каменица Саса 1-1.


 

 




Related Articles

Временска прогноза