ФК ПЛАЧКОВИЦА ПРОТИВ ФК КОЖУФ, ЗАПОЧНУВА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД ФУДБАЛСКОТО ПРВЕНСТВО

Со натпреварите во сабота започнува пролетниот дел од Второлигашкото првенство.

ФК Плачковица на домашен терен во сабота со почеток од 14.00 часот, на Градскиот стадион во Радовиш ја дочекува екипата на ФК Кожуф од Гевгелија. 

Овој натпревар е од големо значање за нашиот тим кој е на црвената линија, но со новиот тренер Димитковски-Гањо се надеваме дека нашата Плачковица ќе успее и избори опстанок оваа сезона. Пролетниот дел од првенството се состои од преостанати четири натпревари, и потоа после бергеровиот систем се комплетира распоредот за целиот продолеток од оваа сезона.

ФК Плачковица пред почетокот на овој дел од превеството имаше интензивни подготовки, и беа одиграни и неколку контролни натпревари кои што нашата Плачковица ги изигра солидно со поволни резултати.

 


 

 

Related Articles

Временска прогноза