ЦРЕШИ И ВИШНИ – Сестрите на здравјето…

Иако, овие две овошја навидум изгледаат исто, постојат неколку разлики помеѓу нив. Основната разлика е во вкусот, црешите се послатки, вишните покисели и со потемна боја. Втората разлика е во процентот на акумулација на шеќерот. 

Црешата потекнува од Турција, а името го добива по грчкиот збор „keratos“, што значи рог. Се претпоставува дека ова се однесува на цврстината на дрвото цреша. Во свежа форма се одлични за отстранување на физичка и ментална исцрпеност, а во кисела форма се одлични против лошо расположение.

Не треба да се консумираат пред јадење, бидејќи нивната алкална реакција инхибира секреција на дигестивни сокови. Исто така, не треба да се пие вода, пиво и други алкохолни пијалоци по консумација на ова овошје. Богати се со антиоксиданти, односно флавоноиди. Тие се природни анти-воспалителни агенси, ги олеснуваат симптомите на алергии и астма и го зајакнуваат колагенот. Антоцијанините, содржани во црешите, ги намалуваат болките, всушност, 20 цреши се 10 пати поефикасни од аспирин. Има позитивни ефекти и врз гихт и артритис. Црешите содржат комбинација на антиоксиданси против стареење, богати се со влакна, витамин А, Б и Ц, содржат и минерали, калиум, железо и калциум. 

Вишна (lat. Prunus cerasus) потекнува од северна Индија и Иран. Во минатото  била обожувана од  Персијците и Римјаните. Според будистичките легенди, дрвото вишна своите плодови и’ ги има понудено на Маја, мајката на Буда, за да биде здрава и силна во текот на бременоста.

Ова овошје е познато по своите лековити и антиоксидантски својства и активности. Богати се со витамини А, Ц и Е, фолна киселина, минерали, калиум, магнезиум, железо и растителни влакна.  Содржат фенолни соединенија, моќни антиоксиданси, кои го штитат нервниот систем.

Поради високата содржина на антоцијанин, значително придонесуваат за превенција на рак, особено рак на дебело црево. Вишната е една од ретките овошја кои содржат мелатонин-природен хормон кој го регулира спиењето. Една чаша сок од вишна ќе ви овозможи длабок, постојан сон.

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза