ЦРНИЦА: Природна реткост!

Црница (лат. Morus alba) е едно од најслатките овошја, со широг опсег на лековити својства кои му даваат големо значење.

Кога ќе здогледате црница, качете се на дрвото и почнете да јадете, бидејќи ова овошје е толку вкусно што не смее да се одмине. Јадете го свежо или подгответе го за сируп или џем.

Постојат три главни вида на црница, бела (Morus alba), црвена (Morus rubra) и црнa (Morus nigra).

Познато е како едно од омилените овошја од детството, токму поради благиот вкус. Расте на високо стебло, кое е преполно со плодови на почетокот на летото. Се користела и во минатото во кинеската медицина, каде се користи и денес како тоник, додека на нашите простори, поради недоволната запознаеност, малку може да се најде на пазарите и во специјализираните продавници. Претставува еден од најважните и најдобрите дарови од природата, кои можат да се користат и како сушени плодови.

Разликуваме 3 вида на црница: бела, црна, црвена – но во светот има и голем број други видови. Видовите црница пред се’  се разликуваат во бојата, а делумно и во лековитите својства. Интересно е тоа што кај ова овошје, лековити се сите делови од самото растение, што дава многу придобивки при лекување на разни болести. Содржи голем број витамини: Ц, А, К, Б, магнезиум, железо, и количество на антиоксиданси и антицијанини.

Црната црница се користи во народната медицина поради големиот број лековити својства. Најмногу помага при депресија, болести на грлото, несоница, каснувања од инсекти и змии. Нивниот сок помага при полесно мокрење и искашлување, а со други мешавини од чај помага при регулација на нивото на шеќер.

Белата црница е најпозната по примената кај козметичките средства, особено за намалување на пеги, избелување коса. Содржат ихибитори кои кои го намалуваат производството на меланин. Се користи и кај артритис, очни болести и опуштање на нервен систем.


 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза