ЈАВЕН ПОВИК НА АПРЗ ЗА УЧЕСТВО ВО ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ СТОПАНСТВА ВО МАКЕДОНИЈА

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството-АПРЗ со седиште во Битола објави јавен повик за учество во пилотни активности за диверзификација и подобрување на ефикасноста на земјоделските стопанства во Македонија. Станува збор за проект во рамки на инструментот за претпристапна помош на конзорциумот Еволуксер во партнерство со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кои го имплементираат проектот „Градење на основи за реформи во тутунскиот сектор“ финансиран од страна на Европската Унија.

Главната цел на овој проект е да придонесе во адаптирањето на тутунскиот сектор кон заедничката земјоделска политика и регулативата на ЕУ. Проектот е структуриран во 5 активности, а во една од нив планирано е проектирање на пилот активности за диверзификација на приходите остварени од производството на тутун, со воведување на алтернативни култури и зголемување на ефикасноста на производството на тутун. Повикот се однесува на земјоделски стопанства, производители на тутун кои имаат сопствено или земјиште во владение и доброволно ќе земат учество во проектните активности. Со проектот се обезбедуваат семенски материјал, репроматеријали и секаков вид на други набавки кои се потребни за соодветно спроведување на пилотните активности, посочуваат од АПРЗ.

 

Пилот активностите ќе се реализираат во Битола, Прилеп и Радовиш во соработка со земјоделски производители, тутунопроизводители кои одгледуваат тутун, а вкупната површина на земјоделското земјиште за пилотните активности треба да биде со минимум 0.4 хектари, од кои вкупно расположливото земјиште за пилотните активности е со минимум 0,2 хектари евидентирани во регистрите на МЗШВ.

Изборот на учесниците ќе го изврши комисија за селекција која се очекува да избере 40 апликанти земјоделски стопанства, производители на тутун, на кои ќе им биде дадена поддршка во текот на имплементацијата на проектот. Предност при изборот ќе имаат земјоделските стопанства кои се дел од ФАДН системот за сметководство на фарми, нагласуваат од АПРЗ. Приемот и регистрацијата на пополнетите апликации се вршат до 17 септември.

 


 




Related Articles

Временска прогноза