• Услови за користење

ПО 13-ТИ ПАТ МЕМОРИЈАЛЕН ПЛАНИНАРСКИ МАРШ ,,СПАСОВ КОСТАКЕ-ЦОЦО“

П.К Бел Камен оваа година по 13-ти пат го организира Меморијалниот Марш ,,Спасов Костаке – Цоцо – 2019” во спомен секавање на нашиот планинар и другар Спасов Костаке. Од оваа година маршот го посветуваме и на нашиот голем пријател и поддржувач Маестро Драгомир ШОИЌ, кој за жал почина пред една година.
По тој повод ве покануваме и вас да земете учество на овој меморијален марш кој ке се одржи на 17 и 18 август 2019 год (сабота и недела).

Самиот марш ќе се одржи на 18.08.2019 по следната програма:
Тргнување од пред планинарски дом Џумаја во 8.30 ч. до месноста викана Добра – Јаскан – Лумијска река – Едендере – Планинарски дом Џумаја. Самата патека е долга околу 17 километри и е во времетраење од околу 6 часа. Патеката е лесна низ ливади, потоци и реки, и е погодна за сите возрасни планинари. За оние кои сакаат искачување на Лисец и Бел Камен, ќе бидат организирани посебни водичи. По пристигнувањето на сите учесници и гости ќе им се послужи ручек.После ручекот планинарско дружење и во 17 ч. заминување од П.Д. Џумаја.
За оние планинари кои сакат да дојдат на 17.08.19 (сабота) сместување ке има во П.Д Џумаја, кое ќе биде бесплатно.
За непречено организирање на маршот во однос на сместувањето и учеството на маршот,ве молиме задолжително да го пријавите вашето учество најкасно до 15.08.2019 год.

Напомена:Сите учесници на маршот да бидат здрави и психофизички подготвени.

Контакт :
Ѓорги Симеонов – 070 302 021
Цане Николов – 078 892 182
Ристе Гогов – Ринго – 070 691 640

 

П.К Бел Камен

 


 







 






 

 



 




 

Related Articles

Временска прогноза