ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ГО ПРЕКРШИЛЕ 4 ЛИЦА ВО РАДОВИШ

Ноќта на 24/25.03.2020 година на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица 14 лица од кои 1 е лице над 67 годишна возраст и 13 се останати граѓани кои ги прекршиле прописите и наредбите предвидени од страна Владата и Министерството за здравство за време на епидемија, односно го прекршиле полицискиот час со предвидените забрани за движење во определен период.

7 од овие лица се затекнати на подрачје на Полициска станица Струмица, 4 на подрачје на Полициска станица Радовиш, 2 на подрачјето на Полициска станица Валандово и 1 на подрачје на Полициска станица Гевгелија.  Во просториите на полициските станици се приведени 7 лица.

Во текот на изминатово деноноќие, на територијата на државата полицијата регистрирала 103 лица кои не ја почитувале оваа мерка, при што 63 лица биле приведени во полициска станица, а 31 лице биле опоменати, покажува последната статистика на МВР.

 

 




 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации