СЛЕДУВА БОГАТ СПОРТСКИ ВИКЕНД

Второ коло од Супер ракометната лига за РК Радовиш продолжува во Скопје каде што ќе биде одигран натпреварот со РК Бутел, терминот на одигрување е 19 часот, во Сабота на 14.09.2019 година.

РК Радовиш во првото коло на домашен терен забележа победа против РК Вардар Јуниор, да се надеваме дека нашите ракометари и во овој натпревар ќе имаат поволен резултат.

РК БУТЕЛ – РК РАДОВИШ
Сабота 14.09.2019 год. Почеток 19:00 час. Скопје


Фудбалерите на ФК Плачковица оваа коло гостуваат во Прилеп, кај домашната ФК Победа, терминот на одигрување е во Недела 15.09.2019 со почеток од 15.30 часот.

ФК Плачковица оваа коло ќе атакува на првата победа од оваа натпреварувачка сезона, минатото коло на домашен терен нашите фудбалери одиграа нерешено со ФК Кит-Го, претходно претрпеа пораз од ФК Тиквеш во Кавадарци, и ФК Брегалница на Градскиот стадион во Радовиш.

Да им посакаме успех во оваа коло и се вратат со трите посакувани бодови од Прилеп.


Женскиот фудбалски клуб Плачковица го игра во Сабота 14.09 на гостински терен  и веднаш потоа следува вонредното 4-то коло- вторник-среда 17-18 Септември пред настапот на У-17 репрезентацијата на Македонија во Данска.


ФК Раклиш во првото коло од Третата фудбалска лига (Југоисток) гостува во Берово на домаќинот ФК Малеш, овој натпревар за нашиот клуб ќе биде деби натпревар во Третата лига.

Терминот на одигрување е во недела со почеток од 16.00 часот.

ФК Детонит кој исто така е во Третата фудбалска лига (Југоисток) првото коло во недела кое треба да се одигра е слободен.

 




 







 






 

 



 




 

Погледнете повеќе

Повеќе информации