РАДОВИШАНЕЦ СО БРОНЗЕН МЕДАЛ ОД НАТПРЕВАРОТ ВО БОДИБИЛДИНГ

Нашиот сограѓанин Николов Костадин на државниот натпревар во бодибилдинг, во категоријата „Бодибилдинг класик“ го освои третото место.

Инаку овој натпревар „Атлета на Македонија“ се одржа на 4 октомври во Спортската сала „Расадник“ во Скопје на истиот учествуваа преку 50 натпреваруваќи од нашата држава.

Костадин има 21 година и со овој спорт се занимава веќе три години.

„Припремите за натпреварот беа пеколно тешки секојдневно активен – секојдневни напорни диети, тренинзи, дисциплина и посветеност,  Но! Нешто кога се сака, кога се има јасна цел кога знаеш што сакаш да бидеш тоа не представува никаков проблем. Напротив тоа доведува до голем успех во животот. Излегов за прв пат на бина на натпревар во бодибилдинг во категорија „Бодибилдинг класик“ со 84 килограми и се закитив со медал – тоа ми дава голем мотив да продолжам понатаму „чекор по чекор“ до врвот!

Чувството е прекрасно кога знаеш дека си го остварил сонот што си го имал уште од првото влегувсње во теретана. Затоа ќе ви кажам работете на вас, работете на тоа што ве исполнува работете на тоа што ве прави среќни, бидејки само така се доаѓа до успехот и никако поинаку! – истакна за RadovisNews – Костадин Николов.

Му честитаме за успехот, се надеваме дека и во следниот период ќе не израдува со уште подобри резултати и од поголеми натпреварувања.

 

 




 






 



 





 

Related Articles

Временска прогноза