ФК РАКЛИШ НЕ УСПЕА ПРОТИВ ФК ТИВЕРИЈА

Денес во Струмица нашиот третолигаш ФК Раклиш не успеа против домашната ФК Тиверија.

Во еден натпревар каде што одлучуваа ситни моменти и шанси за реализирање на погодоци, нашите фудбалери немаа сили да изненадат и се вратат со посакуваните бодови.

Во неколку моменти и судиите допринеле за самиот резултат и одвивање на натпреварот кој се одигра на помошниот терен до Стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

ФК Раклиш следното коло го игра на домашен терен а ни доаѓа екипата на ФК Брегалница од Делчево

ФК ТИВЕРИЈА  –  ФК РАКЛИШ  4-2 (2-1)

 




 






 



 





 

Погледнете повеќе

Повеќе информации