• Услови за користење
  • Импресум

14 СЕПТЕМВРИ „СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПРВАТА ПОМОШ“

Светскиот ден на Првата помош е можност да се промовира и застапува заложбата за поседување на знаење и вештини за укажување на прва помош на пошироката јавност.

 

Светскиот ден на првата помош го одбележуваме од 2000 година, кога 16 европски национални организации на Црвениот крст го иницираа ова одбележување. Идејата брзо беше прифатена и меѓународно призната кога во 2003 година дури 115 национални организации на Црвениот крст ширум светот го одбележуваа светскиот ден на првата помош.

Тоа ја покажува големата важност од ширењето на знаењата и вештините од првата помош но и поттик и подигнување на свеста на волонтерите ширум светот.

Вештините за укажување на прва помош треба да бидат достапни за сите како хуманитарен акт кој ги овластува луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од нагло настанати заболувања или повреди.

Од овие причини, Црвениот крст на  Македонија се залага да барем еден член од секое семејство биде едуциран и обучен да укаже прва помош, затоа Ве охрабруваме да посетите некоја од нашата обука за прва помош


Црвен крст на Република Македонија -Општинска организација Радовиш Ве известува дека по повод Светскиот ден на првата помош и завршувањето на кампањата “Твоето незнаење чини живот” ке организира вежба симулација на сообраќајна несеќа во соработка со ПС Радовиш, ТППЕ и ЈЗУ”Здравствен дом” Радовиш, па поради организирање на вежбата на 14.09.2019год во периодот од 10-12 часот, ке биде пренасочен сообракајот од спој на улицата Кеј 8ми Септември до спој на улица св.Спасо Радовишки.

Ви благодариме на разбирањето.

Известуваат од ОО Црвениот крст Радовиш

 




 



 







 






 

 



 




Related Articles

Временска прогноза