ОДБЕЛЕЖАН 14-ТИ СЕПТЕМВРИ- СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПРВАТА ПОМОШ

По повод 14ти Септември –Светскиот ден на првата помош и кампањата „Твоето незнаење чини живот “, Црвен крст на Република Македонија –Општинска организација Радовиш организираше симулациона показна вежба-сообраќајна несреќа.

Вежбата се реализираше на ул.Илинденска во 11:30часот во централното градско подрачје. Истата се организираше во соработка со МВР ПС Радовиш, ТППЕ Радовиш и ЈЗУ„Здравствен дом“ Радовиш, се делеа и флаери од кампањата „Твоето незнаење чини живот“ и за тоа како да се однесуваат возачите во сообраќајот за да се заштитиме од несакани последици.

Се симулираше сообраќајна несреќа, во која учество земаа едно возило еден мотор и велосипед и во која 5 лица беа повредени.

Преку Светскиот ден на првата помош и кампањата „Твоето незнаење чини живот“ сакаме да ја подигнеме јавната свест за сообраќајните несреќи и повреди, да ги охрабриме лугето од сите возрасти да научат прва помош за да имаат вештини и самодоверба за да го препознаат и соодветно да реагираат при итните ситуации во случај на сообраќајна несреќа.

 



 







 






 

 



 




Погледнете повеќе

Повеќе информации