• Услови за користење
  • Импресум

СТУДЕНО И ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО ПОВРЕМЕН СНЕГ…

Денес времето ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус седум степени, а дневната температура ќе се движи од минус еден до шест.

Претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, не очекува и во Радовиш со слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Утринската температура ќе достигне до минус три степени , а дневната температура до пет степени.

Во среда ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од снег. Најобилни врнежи ќе има во источните делови од земјава, каде се очекува формирање на снежна покривка и над 20 см. Во останатите подрачја можна е помала снежна покривка, главно околу 5 см, освен на планините каде ќе биде поголема. Потоа до сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи кои заради затоплувањето ќе бидат претежно од дожд.

Фото: Зимска идила Плачковица (24.03.2020 год.)




 

Related Articles

Временска прогноза