МОЖНИ ПОСЛЕДИЦИ ВРЗ ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ОД КОРОНА ВУРУСОТ…

Првите денови од епидемијата од рафтовите во продавниците едноставно  исчезнуваше брашното, маслото, шеќерот, квасецот, оризот… Се зголеми  побарувачката за млеко и млечни производи, тестенини, минерална вода, сокови, овошје, зеленчук, кондиторски производи, месо и месни преработки. Сепак, после почетната паника и страв од недостиг на храна,  во моментот кога потрошувачите ќе се уверат дека снабдувањето тече нормално и дека се што им е потребно има во продавниците, побарувачката за храна ќе се врати во нормална состојба.

Економска криза во 2008 година покажа дека земјоделството е поотпорно на рецесија од другите сектори, како на пример услуги, недвижности, автомобилска индустрија, кои со години чувствуваа последици. Покрај тоа што заработката во земјоделството се намали  помалку отколку во другите сектори, аграрот и прехранбената индустрија апсорбираа дел од работниците кои остана без работа, а предходно работеле во други сектори. Слично нешто  не очекува и после корона вирусот, смета Милош Миловановиќ, консултант за аграрна политика при Организацијата на ОН за храна и политика (UN FAO).

Според неговите зборови, економската активност практично замрзна во многу сектори, а земјоделството и производството на храна се споменуваат како спасители на националните економии.

Први прогнози за ефектите на корона вирусот врз глобалното земјоделство

Се појавија и првите прогнози за ефектите на корона вирусот врз глобалното земјоделство. Институтот  International Food Policy Research Institute смета дека нема причина за загриженост околу безбедноста на снабдување со храна во светот. Сепак, според оваа прогноза, забавувањето на светскиот економски раст за еден процент ќе го зголеми бројот на луѓе кои живеат во сиромаштија  или 14 милиони жители ( од кои девет милиони живеат во рурални средини).

OECD за сега, предвидува пад на светската економија помеѓу (0,5 и 1,5%).

Посебен проблем кој КОВИД 19 ќе го направи е недостатокот  на работната сила во земјоделството и тоа особено во  интензивното производство  како што е  овоштарство.

Неопходните сезонски работници, често работат на црно, без здравствена заштита. Дури и да имаат, и да заболат од вирусот, нема да бидат во можност да се вратат на своите работни места  со недели кои во земјоделското производство се недозволиви.

Владата на Австрија, е соочена со недостиг на работна сила и веќе ги повикува граѓаните да се јават и да помогнат во сезоната на земјоделски работи.  Пазарниот синџир во аграрот е комплексен, доколку во некој дел дојде до проблем, производот воопшто не стигнува  или забавува на патот до потрошувачите.

Всушност станува збор за еден ланец на  учесници кои (меѓу останатите) го прават пред се производителите на семе, ѓубрива, средства за заштита и други неопходни препарати за земјоделските производители, потоа продавачите и производителите механизација, фирмите кои се занимаваат со  логистика, магацини/ладници, преработувачка индустрија и други тровски ланци каде што земјoделските производители  ја продаваат својата стока.

Секако дека е тешко да се прогнозираат ефектите на КОВИД 19 кога вирусот се уште се шири низ планетата но е јасно дека неговите економски последици ќе бидат долгорочни.

Искуството не учи дека земјоделството и прехранбената индустрија, иако не нудат висина на заработка како некои други сектори,  сепак се стабилни и сигурни сектори кои нудат долгорочна перспектива за оние кои имаат вистински пристап.

Земјоделството не може ( и не треба) да биде основ на целокупната економија на земјата но може да биде финансиски здрав, одржлив и  пазарно успешен сектор кој вработува и пристојно ги плаќа своите работници. Допринесува за БДП, ја штити животната средина и сл.

За  да може ова  да се оствари неопходно е  владата и меѓународните финансиски институции  да и помогнат на оваа гранка и тоа со поголеми финансиски средства.

Аgrotim



Related Articles

Временска прогноза