На 12/13.04.2020 година на подрачјето на СВР Струмица 22 граѓани, од кои две малолетни лица и едно лице постаро од 67 години ја прекршиле наредбата од страна Владата на РСМ и Министерството за здравство на РСМ за време на епидемија, односно ги прекршиле предвидените забрани за движење во определен период. Притоа, 15 лица, меѓу кои две малолетни и едно лице постаро од 67 години се затекнати на подрачјето на Полициска станица Струмица, пет на подрачјето на Полициска станица Гевгелија и две на подрачјето на Полициска станица Радовиш. Во просториите на полициските станици се приведени седум лица.
На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица се евидирани 30 нови лица со изјава за самоизолација, а вкупно се извршени 21 контрола над лица кои со решение од Државен здравствен и санитарен инспекторат се во домашна изолација и 72 контроли над лица кои се во самоизолација.
Ноќта на 09/10.04.2020 година на подрачјето на СВР Струмица 15 граѓани ја прекршиле наредбата од страна Владата на РСМ и Министерството за здравство на РСМ за време на епидемија, односно ги прекршиле предвидените забрани за движење во определен период. Седум лица се затекнати на подрачјето на Полициска станица Струмица, шест на подрачјето на Полициска станица Радовиш и по едно лице на подрачјата на Полициските станици Гевгелија и Валандово. Во просториите на полициските станици се приведени две лица.
На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица се евидирани 15 нови лица во самоизолација, а вкупно се извршени 23 контроли над лица кои со Решение од Државен здравствен и санитарен инспекторат се во домашна изолација и 31 контрола над лица кои се во самоизолација.